среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 45

Вратени 29 милиони евра по основ државни хартии од вредност

Од Министерството за финансии вчера посочија дека во интерес на намалување на нето задолженоста по однос на државни хартии од вредност изминатиов период откажани се 6 аукции предвидени во календарот.

finansii

Последни вести

Министерството за финансии денеска по основ на доспеани државни хартии од вредност врати 1,78 милијарди денари или 29 милиони евра.

Согласно календарот за хартии од вредност објавен на веб страницата на Министерството за финансии, до крајот на месецот доспеваат за исплата 8 аукции, додека закажани се три нови аукции.

Од Министерството за финансии вчера посочија дека во интерес на намалување на нето задолженоста по однос на државни хартии од вредност изминатиов период откажани се 6 аукции предвидени во календарот.

На вчерашната аукција побарувачката на државни хартии од вредност од страна на банките ја надмина понудата за 5 милиони евра. Од Министерството велат дека оваа разлика ќе влезе во ставката депозити за следната година. 

Најчитани вести