ТОП,Македонија

За една недела државата врати во стопанството над 138 милиони евра

За една недела државата врати во стопанството над 138 милиони евра

За една недела државата врати во стопанството над 138 милиони евра. Тоа се пари кои завршија на сметки на граѓаните, банките и фирмите, што значи се вратија во стопанството.

Во вторник државата ќе исплати 150 милиони евра за еврообврзницата од 2005 година. Оваа еврообврзница е издадена со рок на доспевање од 10 години, а за неа се исплатени камати во висина од 69 милиони евра или каматата за неа изнесува колку половина од вкупната сума која СДСМ ја позајамил од странските банки пред 10 години.

За споредба, евообврзницата која Владата ја издаде пред десетина дена во вредност од 270 милиони евра доспева за пет години, а по основ на камата за неа ќе бидат исплатени 65 милиони евра.

На 8 декември доспева за плаќање 10-годишната еврообврзница што е издадена во 2005 година, во износ од 150 милиони евра. Низ годиниве имаме платено уште 63 милиони евра камата, значи вкупно за 10 години за таа обврзница како држава имаме платено 69 милиони евра камата, и плус 150-те милиони што ќе ги вратиме. Тоа е значителен износ на средства, но тоа се обврски кои ги направила една влада и секоја следна влада којашто се однесува одговорно и сериозно мора да ги сервисира тие обврски, да им ги врати парите на инвеститорите кои тогаш ја запишале таа еврообврзница, посочува Ставрески.

„Економски.мк“: За една недела 138 милиони евра вратени во стопанството

Само во текот на минатата недела Министертсвто за финансии исплати вкупно 138 милиони евра. Тоа се пари кои завршија на сметки на граѓаните, банките и фирмите, што значи се вратија во стопанството.

По основ на субвенции во понеделникот беа исплатени 8, 5 милиони евра на околу 16.000 земјоделци.

По основ на ДДВ за фирмите во средата беа исплатени над 10 милиони евра на вкупни на 1.273 фирми.

По основ на доспенаи хартии од врендост во четвртокот беа исплатени 57 милиони евра.

И во петокот на сметките на пензионерите легнаа 62,5 милиони евра.

Заедно со исплатата во вторник, за десет дена Владата извршила исплати во износ од над 290 милиони евра.

Целата анализа прочитајте ја на ЕКОНОМСКИ.