Економија

Вработените во „Фени“ ќе добијат плата и пријавување

Вработените во „Фени“ ќе добијат плата и пријавување

По добивањето на Решението од Основниот Суд Велес, за продолжување на започнатите работи, доверителите подносители на пријавата за стечај, ги депонираа потребните средства на сметката на Фени Индустри АД,  информира стечајниот управник на „Фени“, Мирослав Анастасиевски.

Првиот чекор кон стабилизација е исплата на платите на вработените, за што е почната процедура за пресметка. Вработените ќе примат плата и ќе потпишат договори за вработување, без прекин на стажот, континуитетот ќе биде запазен, со што во целост се заштитени нивните права.

Секој работник, мора одговорно да пристапи во остварување на обврските, работните задачи. Сите барања на работниците се задоволени, согласно Законската процедура, затоа апелирам да не потклекнуваат на шпекулации, да се посветиме сите заедно на работниот ангажман и да покажеме дека Фени може да биде успешна приказна на Македонската економија.
Несебичната поддршка и работната ангажираност на вработените се двигател на овој процес, стои во соопштениео на стечајниот управник.