Вреден златен накит украден од куќа во гостиварско

Арамија провалил во домот на гостиварец и му го собрал златниот накитот  вреден до пет до седум илјади евра.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера се случила тешка кражба во гостиварското село Дебреше.

Арамија насилно ја отворил влезната врата од куќата на 39-годишниот Р.Ш. и влегол во домот. Откако ги пребарал собите, арамијата украл поголема количина златен накит, според домаќинот, вреден од пет до седум илјади евра.

Полицијата работи на откривање на сторителот.