Вредноста на опремата била 1 денар уште во 2013

Пред три години кога соработниците на Зоран Верушевски побарале да се уништи опремата која била нефункционална нејзината вредност изнесувала 1 денар. Целиот овој случај е инициран од осудениот за „Пуч“, Ѕвонко Крстевски кој во 2013 година ја иницирал постапката, пишува Курир.

Дека опремата била неупотреблива се знаело уште во 2013 година, кога Крстевски на 20.12.2013 година испратил допис во кој се вели:

„Во поглед на следење на комуникациите од областа на фиксната телефонија, поради промена во мрежата за фиксна телефонија кај Македонски Телеком со воведување VoIP технологија, се јавува суштинска разлика во однос на комутацијата на говорот, а со тоа суштински е изменет начинот на пристап до опремата на Македонски Телеком. Ваквиот начин на пристап во моментот не е поддржан од постоечкиот технички систем, па од тие причини повеќе не постои можност за следење на комуникациите кај фиксната телефонија. Со постоечкиот систем воопшто не се опфатени другите телекомуникациски оператори кои нудат услуги од областа на фиксната телефонија“

На овој начин Ѕвонко Костовски известил дека старата опрема уште во 2013 била веќе неупотреблива и било неопходно да биде набавено нова.