Врело на матка ќе биде осветлена

врело

Оваа идеја ја даде градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски. Советниците ја одобрија идејата, па така градот ќе учествува со 1 милион денари во осветлувањето на внатрешноста на пештерата. Тие средства се нешто помалку од една третина од вкупната вредност на проектот, кој е поддржан од Бирото за регионален развој.

Со осветлувањето пештерата ќе биде побезбедна и попривлечна за обичните туристи.