Време e да се реши грчко-македонската игра за името

Грција и Македонија ќе мора да се согласат како да го делат името.

Земјите од Балканот се наоѓаат во различни фази од процес пред зачленување, но нормално тие напредуваат со годините и ја минуваат следната газа во долгиот процес на зачленување.

 

Неодамнешниот пакет на извештаи за стратегијата и напредокот на проширувањето го привлече вниманието кон чудната ситуација со Македонија – или како што интернационално се нарекува Поранешна југословенска Република Македонија. Таа е единствената земја во западен Балкан чии пристапни преговори се блокирани поради спор со соседот Грција околу името на државата.

 

Европската Комисија истакнува со одредена вознемиреност истакнува дека ова е петти пат да препорача отворање на пристапни преговори со земјата.

 

Тоа потврдува дека политичките критериуми и понатаму се доволно исполнети од страна на Македонија. Така наречениот Пристапен дијалог на високо ниво продолжи со напредок во повеќето приоритетни области, вклучувајќи елиминација на судски застои и напредок во борбата со корпуцијата.

 

Земјата веќе достигна високо ниво на усогласување во однос на тоа до каде со процесот на пристапување. Дијалогот на клучните приоритети во пристапниот процес е корисна алатка и секако многу подготовки може да бидат направени во очекување на пристапните преговори, но не може да ги замени.

 

Комисијата предупредува дека неуспехот да се дејствува по нејзината препорака за старт на преговорите преставува потенцијална опасност за Македонија и за ЕУ.

 

Го става под знак прашање кредибилитетот на процесот за проширување, кој што се базира јасна условеност и принципите на сопствените вредности. Недостигот на кредибилна ЕУ перспектива исто така ги става во ризик реформските напори на Македонија.

 

Досега спорот за името беше сметано за билатерално прашање кое што треба да се реши меѓу двете земји засегнати со одредена медијација на Обединетите Нации.

 

Но, изгледа дека овој пристап не делува. Иако прашањето засега земја членка на ЕУ и земја кандидат, Комисијата воглавно остана надвор од спорот.

 

Изгледа изненадувачи имајќи предвид дека ЕУ може да има особено влијание врз двете земји. На ова може да се додаде дека ЕУ е многу повеќе вклучена во решавање на други конфликти отколку оние од нејзиниот двор.

 

Грчкото НАТО вето

 

Во април 2008-та година, Грција го искористи своето вето за да ја блокира Македонија во нејзиниот обид да се приклучи на НАТО. Грчкиот министер за надворешни работи во тоа време се закани дека Грција нема да го одобри макеоднското членство во ЕУ се’ додека проблемот за името не се реши.

 

Оттогаш малку напредок е направен. Македонија е име на суверенеа земја и регион во северна Грција. Од време на време предлог за тоа како Грција и Македонија би можеле да се сложат како да го делат името, евентуално со додавање на географска или друга одредница, е направен без да резултира со некој договор.

 

Нови влада доаѓаа и заминуваа во Грција, но, секоја од нив се придржуваше до „национални црвени линии“ за прашањето за името и заземање позиција дека решение мора да се најде пред понатамошен напредок на патот на Македонија кон зачленување во ЕУ.

 

Грција одлучи да го игнорира советдавното мислење издадени во декември 2011 година од Меѓународниот суд за правда во Хаг. По жалба од Македонија од ноември 2008 година, судот пресуди дека Грција, со противењето за прием на Поранешната југословенска Република Македонија во меѓународни организации,  ги прекршила своите обврски од Времената спогодна од 1995 година.

 

Римска провинција

 

Историски, Македонија во антички времиња била римска провинција со тоа има која постоела стотици години. Провинцијата вклучувала делови од Бугарија, Македонија, Албанија и Грција.

 

Современа Грција ја доби Егејска Македонија по Првата Балканска војна во 1912 година, по што беше хелинизирана како резултат на размената на население со Турција во 1923 година по неуспешната грчка инвазија на турското копно.

 

За некој од надвор спорот за името, покрај чувствителноста на двете страни, изгледа дека е претерано.

 

За Грција името Македонија е дел од античката историја без оглед на фактот што македонски кралеви освојувале грчки градови-држави и ставале крај на нивната независност. За современа Македонија името е дел од националниот идентитет, но нејзините обиди да го присвои Александар Велики како национален херој или татко на нацијата се оценети како провокативни.

 

Претходните грчки влади ја обвинија денешна Македонија за загубите во грчката граѓанска војна 1946-49 и дека има територијални претензии за нејзиниот северен регион со исто име.

 

Актуелната грчка влада не ги повторува таквите обвинувања. Ако Грција навистина стравува поради ултранационализмот во Македонија подобро да го забрза приемот на земјата во ЕУ.

 

Грција ќе има прилика да го направи тоа кога ќе го преземе претседателствувањето со ЕУ следната година, но, ќе мора проширувањето да го стави како приоритет.

 

Ниту една земја денеска може да бара историски ексклузивитет на името. Грција и Македонија ќе мора да се согласат како да го делат името.

 

Заедничко прифатливо решение може да биде најдено, но, ќе биде потребно повеќе време. Во меѓувреме, нема рационална причина да се одложува стартот на пристапните преговори.

 

Таквите преговори треба да почнат под меѓународно прифатеното името „Поранешна југословенска Република Македонија“ и спорот за името би требало да биде решен за време на преговорите или одложен до крајот на преговорите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.