Време е да се бомбардира Северна Кореја

Уништувањето на нуклеарниот арсенал на Северна Кореја сеуште е национален интерес на САД. Северна и Јужна Кореја го обновија меѓусебниот дијалог, но дали резултатот од него ќе биде поразличен од претходните обиди за разговори меѓу Пјонгјанг и Сеул?

Какои претходно, Јужна Кореја ќе го „награди“ скандалозното однесување на својот северен сосед давајќи му финансиски средства и со тоа нарушувајќи ги санкциите наложени од Советот за безбедност на ОН. Во меѓувреме Северна Кореја ќе продолжи да развива интерконтинентални балистички ракети, какви повеќепати користеше при тестирања во октомври 2006 година, во мај 2009, во февруари 2013 во јануари и во септември 2016 и во септември 2017 година.

Секое ракетно тестирање, всушност, е одличен повод за САД да го направат со Северна Кореа она што Израел го направи со Ирак во 1981 година, но и во Сирија во 2007 година – да искористи добро насочено конвенционално вооружување, за да го уништи нуклеарното и оружјето за масовно уништување, кое го поседуваат режими кои не би требало да го имаат, пишува американскиот политиколог и историчар Едвард Лутвак за „Foreign Policy“, пренесува НетПрес.

Но, има причини за тоа Вашингтон да не презема дејствија против Пјонгјанг. Сепак, најчесто цитираните се со слаба основа. Еден од погрешно користените аргументи да не са напаѓа Северна Кореја е стравот од одмазда преку директни соодветни дејствија. Американските разузнавачки служби трвдат дека изолираната комунистичка држава веќе располага со балистички ракети опремени си нуклеарни боеви глави, чиј дострел е до територијата на САД. Тоа е една закана која која може да биде оневозможена преку преземање на брзи и соодветни дејствија. Првото севернокорејско нуклеарно оружје, кое би можело да биде употребено како боева глава за балистички ракети со голем дострел беше тестирано на 3 септември, 2017 година. Првата интерконтинентална балистичка ракета (ИКБР), пак, беше тестирана на 28 ноември 2017 година. Ако севернокорејците успеат да го унапредат своето инжинерство на првичното производство на оперативни балистички ракети со нуклеарни боеви глави во многу кус период, и тоа со нивниот ограничен буџет, тогаш нивниот степен на владеење на науката и инжинерството би бил навистина феноменален. Но, тоа е многу неверојатно. Во реалност Северна Кореја би можела да се одмазди за секој напад, користејќи ја својата ракетна артилерија за напад на престолнината на својот јужен сосед, каде на околу 56 километри од граничната линија живеат близу 20 милиони луѓе. При ваков развој на настаните американските воени експерти потенцираат на „море од оган“, за да го оправдаат своето недејствување.

Но, таа ранливост не треба да ја парализира политиката на САД и тоа од една проста причина: во голема мера тие стравови произлегуваат од самите нив. Когаш – тогаш.

Пред 40 години американскиот претседател Џими Картер одлучи да ги повлече сите воени капацитети од Јужна Кореја, советниците за одбрана (меѓу кои и авторот на текстов), ги повика власите во Сеул да ги преместат министерствата и администрацијата далеку од северната граница, и да стимулира тоа да го сторат и приватните компании.

Јужна Кореја требаше да мисли на градење на адекватни скривници, како оние во швајцарскиот град Цирих, каде секој новоизграден објект треба да располага со специјални простории за заштита на граѓаните. (Така, при евентуален напад бројот на цивилните жртви би бил многу помал, ако тие не ги напуштаат своите домови, за да бараат прибежиште). Освен тоа, во изминативе години, властите во Сеул имаа можност да купат противракетни системи од Израел и од САД, кои би можеле да спречат дури 95 отсто од севернокорејските ракети, насочени кон населени места. Но, во последниве децении, јужнокорејските власти практично не преземаа никакви дејствија во однос на погоре наведените насоки. Официјално објавените 3.257 скривници во реонот на Сеул не се ништо повеќе од подземни трговски центри, метрос станици и хотелски паркинзи, во кои нема ниту храна, ниту медицинска опрема, ниту било каква друга заштита. Наместо да купат систем за противракетна одбрана од Израел, јужнокорејците повеќе милуваа да ги потрошат своите пари за развој на нова генерација на бомбардери, насочени кон Јапонија. Дури и сега бројот на евентуалните жртви може да биде минимизиран преку програма за справување при катастрофи. Таа треба да вклучува засилување на приземјата на згради од секаква големина, за да биде гарантирана заштитата на цивилите при евентуален напад од страна на Северна Кореја.

На крајот на краиштата, не може да се дозволува намерната неактивност на Јужна Кореја, која трае со години, да ги парализира САД пред лицето на големата закана за сопствените национални интереси, а исто така и на нивните сојузници во други делови од светот. Северна Кореја ги продава своите балистички ракети – најмногу на Иран, но не е тешко да се претпостави дека го продава и своето нуклеарно оружје.

Друга често посочувана причина за тоа дека САД треба да се воздржат од напад е дека ќе биде многу тешко тој да биде извршен брзо и успешно. Ова е у ште помалку цврста причина.

Тврдењата се дека уништувањето на севернокорејското нуклеарно вооружување ќе бара илјадници бомбардери. Но, сите нуклеарни оружја на Северна Кореја – познати и возможни – не се повеќе од неколку дузини, а голем дел од нив се и мали.

Ако нема разумен воен план, нивното уништување би се направило со десетици илјади воздушни напади. За жал, не за прв пат, военото планирање на САД може да се покаже неоправдано. Американските воздухопловни сили вообичаено ги отфрлаат масовните напади, настојувајќи наместо тоа на целосно „потиснување на непријателските воздушни одбрани“. Тоа е посебен вид на стратегија, каде што секој радар на воздушната одбрана, ракетите земјата-воздух и борбените авиони во таргетираната земја, мора да бидат бомбардирани одделно за американските пилоти да бидат заштитени од непотребни ризици.

Ако се има во предвид дека радарските системи, ракетите и воздухопловите на Северна Кореја одамна се застарени, и опремени со буквално антички електронски механизми, ставовите на воздушните сили на армијата на САД не се ништо друго освен оправдувања за неактивност.

Можеби единствената добра причина, која треба да не замисли при евентуален напад врз Северна Кореја, е Кина. Пекинг многу тешко ќе се вмеша во дејствија против САД. Идејата дека Кина е заштитник на Северна Кореја одамна е излезена од употреба. Да, Кинезите не би сакале Северна Кореја да исчезне, а американските војски да се придвижат во близина на нивните граници. Причината се заснова во друго.

Нуклеарното вооружување и’ гарантира независност на Северна Кореја од кинеско влијание.

Едно од можните сценарија за ситуацијата по евентуалните американски напади, кога режимот во Пјонгјанг нема да посоти, предвидува доминирачко влијание на Пекинг врз Јужна Кореја. А, во Сеул веќе има политичари – како на пример претседателот Мун Џе-Ин, кои би претпочитале кинеска, наместо американска заштита на нивната земја.

Корејски полуостров, доминиран од Кина, ќе ја направи Јапония помалку безбедна и ќе го ограничи влијанието на САД во Тихиот Океан.

Тоа е клучот.

Теоретски напад врз Северна Кореја би можел да биде спречен од политичко обединување на полуостровот, при што САД ќе ја смират Кина со брзо дислоцирање на своите војски на југ, наместо на север. Во пракса, пак, тоа ќе биде еден многу тежок план, зашто властите во Јужна Кореја и граѓаните на оваа земја не сакаат да го споделат просперитетот со заостанатиот Север, како што некогаш тоа го направија западните Германци со своите источни сонародници.

Засега изгледа очигледно дека воените власти на САД ја исклучија евентуалната воена опција за справување со севернокорејскиот проблем. Но, Вашингтон сеуште може да го ослободи светот од големата опасност, кој доаѓа од Северна Кореја, ако ги преземе неопходните дејствија, пред Пјонгјанг да успее да го развие своето нуклеарно вооружување со далечен дострел. Точно е дека и Индија и Израел и Пакистан имаат таков воен арсенал и капацитет, но засега нема катастрофални последици од тоа. Секој од нив ја докажал својата доверба на еден или друг начин – нешто што неможе да се каже за Северна Кореја. Нивните амбасади во други земји, на пример, не продаваат наркотици и не са вмешани во пуштање во оптек на фалсификувани пари. Уште повеќе, тие три земји веќе минале низ тешки кризи и воделе и војни, без да ја користат „нуклеарната труба“, така како што прави Ким Јонг-Ун. Северна Кореја е различна и политичарите во САД треба да се соочат со реалноста, пред да стане навистина доцна.