Какво време не очекува за престојниот продолжен викенд?

Пред нас е уште еден продолжен викенд, а  според најавите на метеоролозите по пеколно топлото време, ќе следи мало разладување и благ пад на температурите.

Претстојниов продолжен викенд ќе донесе пониска температура во однос на четврток, но тоа не значи дека нема да биде топло, туку ќе биде малку посвежо.

Какво време не очекува за престојниот продолжен викенд
Какво време не очекува за престојниот продолжен викенд

Температури од портокалова фаза

Денес во три региони од државата ќе има температури од портокалова фаза, а во останатите делови од државата температурите ќе бидат од жолтата алертна фаза.

Температури од портокалова фаза денес се очекуваат во Охридско–преспанскиот, јужно-вардарскиот регион и осоговско-малешевски регион.

Во овие региони температурите ќе бидат  повисоки од вообичаените за овој период од годината. Според информациите од УХМР дневната температура ќе се движи од 35 до 42 степени, а УВ индексот ќе изнесува 9.

По пеколните температури дожд

По пеколните температури дожд
По пеколните температури дожд

Во вечерните часови и во текот на ноќта кон петок ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Според УХМР, во петок претпладне, како и за време на продолжениот празничен викенд ќе има услови за локална нестабилност со локален дожд и грмежи. Дневните температури ќе опаднат за 3-4 степени.

Во сабота ќе биде релативно сончево. Попладне ќе има услови за локален дожд, но повеќе околу планинските региони.

Недела слично време на сабота. Веројатност за локална нестабилност ќе има приквечер, но повеќе во источниот и централниот дел од земјата.  Во понеделник, генерално, не очекува сончево време.

 

Повеќе препораки за топлото време на следниот линк.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.