Какво ќе биде времето во септември?

По пеколните горештини, некарактеристични за овој период од годинава, сигурно голем дел од вас се прашуваат какво ќе биде времето во септември?

Според најавите, високите температури, веќе од недела ќе почне да се намалуваат. Од недела се највува краткотраен бран на врнежи кои ќе бидат претежно локални.

Засега овие врнежи ги очекуваме повеќе во северната половина од земјата.

Од понеделник повторно се очекува период на претежно сончево време.

Температурниот максимум во недела сѐ уште ќе има вредност над 35 степени Целзиусови во јужниот повардарски регион, но во периодот од понеделник, максималната температура ќе биде под 30 степени и во овој најтопол крај во земјава.

Се до недела ќе се задржи топло септемвриско време.

Какво ќе биде времето во септември погледнете во приложените табели.

Какво ќе биде времето во септември?
Какво ќе биде времето во септември?