Какво време не очекува викендов?

За време на викендот ќе се задржи стабилно, суво и студено време со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе се спуштат под -12 степени, информира УХМР.

Во понеделник попладне и во ноќните часови кон вторник ќе има локален снег со слаб интензитет. Постепен праст на утринските, но и на дневните температури се очекува од вторник.

Во текот на денешниот ден времето ќе биде претежно сончево и студено, а во западните делови со умерена облачност. Ќе дува слаб, а долж Повардарието и во источните делови повремено умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -5 до 4 степени.