Не очекува сончево време, Македонија во жолта фаза

Врeмето денеска во Македонија ќе биде претежно сончево. На планинските предели со мала до умерена облачност.

Ке продолжи да дува слаб до умерен  ветер од северен правец.

Највисоката дневна температура ќе достигне  од 29 до 36 степени.

УВ индексот ќе има вредност 8.

Од утре подрачјето на Македонија постепено ќе подпадне под влијание  многу топла воздушна маса  од југозапад , која во наредните 3 до 4 денови ќе предизвика надпросечни топли дневни температури. Особено топло ќе биде  в среда и  четврток. Повеќе ке бидат зафатени северните подрачја на земјава и долж повардарието. На повеќе места температурата  на воздухот  ќе надмине 36 степени а во југоисточниот дел се очекува да достигне до околу 40 степени.

За денеска метеоалармот на европската хидрометеоролошка служба издаде предупредување од жолта фаза кое значи дека времето може да биде опасно.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.