Времен прекин на сообраќајот на патот Мелнички мост – Дебар

Поради асфалтирање во среда и во четврток патниот правец Мелнички мост – Дебар ќе биде затворен во двата правци во периодот од 13 до 17 часот, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.

На останатите државни патишта сообраќајот се одвива по суви коловози.

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.