Македонија

Времен режим на сообраќај поради новогодишните манифестации

Времен режим на сообраќај поради новогодишните манифестации

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре во период од 11.00 до 13.30, како и од 20.00 до 01.00 часот, поради одржување на повеќе манифестации (детска предновогодишна програма, новогодишна програма), дел од центарот на Скопје ќе биде затворен за сообраќај во двете насоки.

Затворени за сообраќај ќе бидат  улиците „11 Октомври“ и „Димитрија Чуповски“, од крстосницата со улицата „Филип Втори Македонски“ до крстосницата со улицата „Даме Груев“.

Поради тоа ќе се изврши и пренасочување на  автобускиот сообраќај на линиите кои минуваат  на овој потег,  и тоа:

1. Автобусите кои ги опслужуваат  линиите со број  26, 50, 57, 59 кај Градска болница ќе се движат  по ул. „11Октомври“ кон Зелено пазарче, потоа десно по ул. „Кирил и Методиј“ (Рамстор) и продолжуваат по својата траса. Во обратна насока ќе ја користат ул. „Даме Груев“ (зад Собрание).

2. Автобусите кои ги опслужуваат линиите со број  3, 3А, 3Б, 4, 4А, 5, 7, 7Б, 15, 15А, 21, 21А, 22, 23, 24, 25, ќе се движат по бул. „Кочо Рацин“, ул.„Кирил и Методиј“ (Рамстор) и продолжуваат по своите траси. Во обратна насока ќе се движат по ул. „Даме Груев“ (зад Собрание) и продолжуваат по своите траси. Притоа ќе ги користат постојните автобуски стојалишта.

Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат и да го почитуваат времено поставениот режим на сообраќај.