Македонија

Времен сообраќаен режим на улица Филип Втори Македонски

Времен сообраќаен режим на улица Филип Втори Македонски

Времена измена на режимот на сообраќај ќе има утре на улица Филип Втори Македонски, поради приклучување на објектот „Државни институции – Јавна администрација и Факултет за драмски уметности“ – Скопје на постојната водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација, информираат од Г.Д. „Гранит“ А.Д. Скопје.

Градежните активности кои се однесуваат на вршење на прекопот ќе ги врши Г.Д. „Гранит“ А.Д. Скопје согласно Основен проект за времен режим на сообраќај на ул.„Филип Втори Македонски“, во Скопје.