Времен сообраќаен режим на улицата „Ѓорче Петров“: Еве како ќе бидат пренасочени автобусите

Градот Скопје ги известува сите учесници во сообраќајот дека од утре ќе биде воспоставен времен сообраќаен режим на улицата „Ѓорче Петров“ поради градежни активности.

Возилата од Јавниот градски превоз  кои ги опслужуваат линиите 2, 2А, 5, 5А, 12, 11, 32, 56, 56А и 60 кои се движат од Центар кон Дексион, односно од исток кон запад ќе бидат пренасочени од улица „Ѓорче Петров“ по булевар „Македонска војска“, улица „Борис Сарафов“ (4 Јули), улица „Кузман Шапкарев“ и продолжуваат по својата траса.

За време на траење на овој режим ќе се користат времено поставените автобуски стојалишта на улица „Борис Сарафов“.

Во спротивна  насока, од Дексион кон Центар или во правец запад-исток автобусите ќе ја користат постојната траса по улица „Ѓорче Петров“.

Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на времено поставениот режим на сообраќај и брзината на возење да ја приспособат на условите на патот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.