Времен сообраќаен режим на улицата „Народни херои“

Градот Скопје ги известува сите учесници во сообраќајот дека од утре ќе почнат  градежни активности на улицата „Народни херои“, и ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај во тој дел на градот.

Возилата од јавниот градски превоз  кои ги опслужуваат линиите 24 и 59 б, а кои се движат во правец од Центар кон Припор т.е. од запад кон исток ќе бидат пренасочени од ул. „Димо Хаџи Димов“, по ул.„Божидар Аџија (пред студентски дом Пелагонија)“ потоа по ул. „Вера Јоциќ“, и продолжува по својата траса ул. „Народни Херои“ и ул. „Христо Татарчев“. Возилата од јавниот превоз што ќе се движат во обратна насока, кон Центар т.е. од исток кон запад ќе бидат пренасочени и тоа од ул. „Христо Татарчев“, по ул. „Божидар Аџија“, потоа по ул. „Димо Хаџи Димов“ и продолжуваат по својата траса.

Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на времено поставениот режим на сообраќај и брзината на возење да ја приспособат на условите на патот.