Времен сообраќаен режим на улицата Орце Николов

Општина Центар информира дека дел од улицата Орце Николов, на потегот меѓу угостителските објекти „Кај Перо“ и „Наџак“ ќе има времен режим на сообраќај. Сообраќајот ќе се одвива по улицата Михаил Цоков и ќе продолжува по Орце Николов.

Времениот режим е поради манифестацијата за отворање на Боемска улица 2 и поставувањето на бината.

Овој сообраќаен режим ќе важи до сабота, до 6 часот.