Времен сообраќаен режим на бул.„Гологанов“

Град Скопје ги известува учесниците во сообраќајот, дека за викендов на дел од бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ на потегот од крстосницата со бул. „8-ми Септември“ до крстосницата со ул. „Московска“, ќе се изведуваат градежни активности – попречни прекопи за поставување на подземна инсталација, во период од 07.00–17.00 часот.

Сообраќајот на оваа делница од булеварот ќе се одвива согласно времено поставениот режим.

Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот режим на сообраќај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.