Времен сообраќаен режим на бул.Митрополит Теодосиј Гологанов

Во текот на утрешниот ден поради изведување на градежни активности, на дел од бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“, сообраќајот ќе се одвивва согласно времено поставен режим.

Времен сообраќаен режим ќе биде воспоставен на булеварот, на потегот од крстосницата со булевар „8-ми Септември“ до крстосницата со улица „Московска“.

Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот режим на сообраќај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.