Времен сообраќаен режим на булевар Гоце Делчев

Град Скопје информира дека во недела во периодот од 8:30 до 11:30 часот затворен за сообраќај ќе биде булеварот Гоце Делчев, односно сообраќајната лента за вртење десно во насока од Бит Пазар кон Стоковна куќа Мост.

Автобусите кои сообраќаат по оваа траса и ја користат десната лента, при движење од булевар „Крсте Мисирков“ кон булевар „Гоце Делчев“, во претходно посочениот период, ќе имаат изменета траса, и тоа преку булевар „Кочо Рацин“, улица „11 Октомври“, и улица „Димитрие Чуповски“, а понатаму продолжуваат по својата траса.

Во обратна насока, автобусите ќе ја задржат постоечката траса.

Затворањето на сообраќајната лента ќе се изврши поради санирање на индуктивни јамки кои се користат за броење на возила, за потребите на ЦУКС.

Градот Скопје апелира до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила.