Времен сообраќаен режим на Гологанов

Градот Скопје ги известува учесниците во сообраќајот, дека во текот на викендот поради изведување на градежни активности, во период од 07.00 – 19.00 часот, на дел од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, сообраќајот ќе се одвива согласно  со времено воведениот режим.

Времен сообраќаен режим ќе биде воспоставен на булеварот, на потегот од крстосницата со булевар „8 Септември“ до крстосницата со улица „Московска“.