Времен сообраќаен режим на патот кон Маврово

Според информација од ДГ Бетон АД, на делот од патот од брана Маврово до раскрсницата за село Галичник од 4-ти до 12-ти ноември ќе се изведуваат градежни работи од 9 до 16 часот. Во овие периоди патот ќе биде затворан за сообраќај. Поради тоа, сите кои ќе патуваат кон Маврово ќе треба да го користат другиот патен правец преку Леуново и Никифорово.

Од 27 октомври годинава воведени се нови термини за одвивање на сообраќајот на патниот правец Скопје – Македонски брод низ Јасен во правец од Скопје кон Македонски Брод сообраќајот се одвива од 7:30 до 8:30, и од 14:30 до 15:30 часот, а во правец од Македонски Брод кон Скопје сообраќајот се одвива од 6 до 7, и од 16 до 17 часот.

Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по претежно суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони. Долж речните текови има појава на утринска магла.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.