Времен сообраќаен режим пред МНТ

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре во периодот од 17 до 22 часот на улицата Иљо Војвода бб, пред објектот на Македонскиот народен театар, ќе се воведе привремен сообраќаен режим, а дел од улицата ќе биде затворен за сообраќај.

Привремениот сообраќаен режим по улицата Иљо Војвода се воведува по повод 13 Ноември и активностите за одбележување на 70-годишнината од ослободувањето на нашиот град, што ќе се одвиваат во објектот на МНТ.

Градот Скопје апелира до сите учесници  во сообраќајот да се придржуваат на  привремениот режим и да ја почитуваат поставената патна сигнализација.