Времен сообраќаен режим утре на улицата Јордан Мијалков

Градот Скопје ги информира учесниците во сообраќајот, дека утре, поради изведување на градежни активности – попречни прекопи за поставување подземна инсталација на улицата Јордан Мијалков, поранешна Железничка, во период од 09.00 – 16.00 часот , сообраќајот ќе се одвива согласно времено поставениот режим.

За таа цел, Градот апелира сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот режим на сообраќај.