Времен сообраќаен режим во недела на булевар Македонска Трета Бригада

Градот Скопје информира дека во недела, 01.06.2013 година, во периодот од 7:30 до 18:30 затворен за сообраќај ќе биде булеварот Трета Македонска Бригада. Булеварот ќе биде затворен кај крстосницата со улицата Коста Новаковиќ, каде ќе се вршат прекопи за поставување на подземни инсталации. На потегот од објектот на „Тинекс“, па се до сервисот „Цилаз“, сообраќајот ќе се одвива на двете новоотворени сообраќајни ленти.

На булеварот ќе биде поставена соодветна патна сигнализација, а истовремено, Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.