Македонија

Времен сообраќаен режим за Водици

Времен сообраќаен режим за Водици

Во период од 10:30 до 13:30 часот, денеска ќе биде затворена за сообраќај улицата „Филип Втори Македонски“ поради чествувањето на големиот христијански празник Богојавление (Водици).

Затворањето се однесува на делот од крстосница со булевар „Гоце Делчев“ до крстосницата со булеварот „11 Октомври“ и улицата „Даме Груев“, соопшти Град Скопје.

Автобусите кои ги опслужуваат автобуските линии со број 16,17А, 50, 57 и 59 ќе бидат пренасочени по булеварот „Кочо Рацин“ и булеварот „Крсте Петков Мисирков“ и во двете насоки.

Во овој период корисниците на градскиот превоз ќе ги користат постојните автобуски стојалишта на претходно споменатите улици.

Од градот Скопје апелираат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на времено воведениот режим.