Македонија

Времен сообраќаен режим за Водици

Времен сообраќаен режим за Водици

Поради чествувањето на големиот христијански празник Богојавление (Водици), в понеделник, кај мостот „Слобода“ (во близина на хотелот „Холидеј Ин“), во период од 10.30 до 13.30 часот, ќе биде затворенa за сообраќај улицата Филип Втори Македонски и тоа од крстосницата со булеваротГоце Делчев до крстосницата со булеварот 11 Октомври и улицата Даме Груев.

Автобусите кои ги опслужуваат автобуските линии со број 16,17А, 50, 57 и 59 ќе бидат пренасочени по булеварот Кочо Рацин и булеварот Крсте Петков Мисирков и во двете насоки. Во овој период корисниците на градскиот превоз ќе ги користат постојните автобуски стојалишта на претходно споменатите улици.