Времена забрана за сообраќај на патот Кичево-Охрид

Патниот правец Кичево-Охрид во периодот вечерва од 23 часот  до утре  до 2 часот ќе биде во преќин за сообраќај на сите моторни возила.

Возилата кои ќе сообраќаат од Охрид кон Скопје ќе се пренасочуваат на патниот правец Охрид-Ресен-Битола-Прилеп и на патниот правец Охрид – Ресен – Битола – Д.Хисар- Кичево.
Возилата кои ќе сообраќаат од Скопје кон Охрид ќе се пренасочуваат на патниот правец Кичево – Д.Хисар – Битола – Охрид. Забраната за товарни возила и автобуси на планинските премини Стража и Буково е се’ уште во тек.