Времено укинување на возовите од Скопје до Битола и Кичево

Поради лошите временски услови и ниските температури од денеска времено ќе бидат укинати возовите со број 541/540 на релација Скопје – Битола – Скопје и 660/663 на релација Скопје – Кичево-Скопје.

Како што соопшти МЖ Транспорт АД – Скопје, двата воза нема да сообраќаат се додека не се стекнат услови за нивно повторно воведување во редовниот железнички сообраќај.

фото: Република