среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 34

Временска прогноза за следната недела: До вторник сончево, а потоа…

До вторник ќе се задржи стабилно, сончево и топло време со мала до умерена локална облачност, а температурата ќе биде во постепен пораст.

sonce-vreme-dozd

Поврзани вести

До вторник ќе се задржи стабилно, сончево и топло време со мала до умерена локална облачност, а температурата ќе биде во постепен пораст.

Во среда кон крајот на денот ќе има услови за краткотраен локален дожд, а во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност повеќе на исток и на југ од земјата. Ќе дува слаб северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од девет до 17, а дневната од 27 до 33 степени.

Во Скопје сончево со мала локална облачност и со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 32 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 7.

Најчитани вести