Времето денеска ќе се задржи сончево и топло

Времето денеска ќе се задржи сончево и топло, со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за изолирана нестабилност.

Максималната температура ќе се движи од 29 до 35 степени.Во наредните денови ќе се задржи претежно сончево и топло време.

Денес и утре во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, а утре и во среда ќе дува умерен јужен правец. Во петок ќе има преодно наоблачување со локален дожд.