Времето денеска облачно и врнежливо

Денеска не очекува претежно облачно време со слаб до умерен северен ветер. Во јужните делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират и во останатите подрачја. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8 степени.

Во текот на ноќта и утре претпладне во југоисточните и источните делови врнежите ќе имаат умерен интензитет и локално се очекува да наврнат околу 15 л/м2. Во среда ќе има услови за слаби локални врнежи, претежно од снег, а во четврток ќе има преодно стабилизирање на времето. Од петок попладне и во деновите од викендот се очекуваат нови пообилни врнежи со засилен јужен ветер.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.