Времето денеска облачно со дожд

Денеска времето ќе се задржи променливо облачно, во западните и северните делови со повремен локален дожд. Претпладне по котлините во северните подрачја со појава на магла и ниска облачност. Попладне ќе дува умерен, на запад повремено засилен ветер од западен правец.

Максималната температурата ќе биде во интервалот од 19 до 24 степени.

До сабота претпладне ќе има зголемена облачност, во северните делови од земјава со услови за слаб локален дожд. И утре ќе продолжи да дува умерен претежно западен ветер, особено на повисоките места. Во сабота ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови опаѓање на дневната температура од сабота, а од недела и на утринската.