Времето денеска облачно и дождливо

Во Македонија во утринските часови ќе има слаб локален дожд, на планините слаб снег. Попладне облачноста ќе се намали.

Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер. Температурата ќе се движи од 3 до 15 степени.

Дневната температура денеска ќе се движи од 3 степени во Маврово, Берово 8, Охрид 9, Битола 11, во Скопје дневната температура ќе достигне до 12 степени и Гевгелија 15.

Утре ќе има преодно стабилизирање на времето, сончево со мала умерена облачност и дневни температури од 9 до 16 степени.

Нов влажен и постуден бран со врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег, ќе има за време на викендот. Пообилни врнежи ќе има в сабота. Викендов дневните температури ќе се движатод 2 до 9 степени

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.