Времето денеска променливо облачно и релативно топлo

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди, со појава на утринска магла по одделни котлини.

Ќе има услови за локален дожд со слаб интензитет.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Дневната температура ќе се движи од 13 до 21 степен.