Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди

Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец, вакво време ни најавуваат метеоролозите од Управата за хидрометеоролошки работи за денеска.

По одделни котлини со појава на утринска магла, велат од УХМР. Дневните температури ќе се движат од 15 до 17 степени во котлините, и до 11 степени во високите планински места. Во јужните делови од Македонија максималната температура се очекува да се искачи до 20 степени.