ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА: Сончево со мала до умерена облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Изутрината ќе има услови за провејување на слаб снег во западните и северозападните делови од земјата. Преку денот облачноста ќе се намалува и сончево ќе биде особено на југоистокот. Повремено засилен северозападен ветер ќе дува на југоистокот.

Утринската температура ќе се движи од минус два до четири, а дневната од три до 10 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до шест степени.

Од утре следува период на променливо и не многу студено време, а ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринските и дневните температури ќе бидата во постепен пораст, а поголемо наоблачување со слаб дожд во западните делови ќе има од среда кон четврток. Ново наоблачување со изгледи за поинтензивни врнежи се очекуваат за време на следниот викенд.