Времето денеска сончево и топло

Денеска не очекува сончево и потопло време, со мала до умерена локална облачност.

Дневната температура ќе се движи од 8 до 14 степени.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец, особено долж Повардарието.

В недела и во понеделник земјава ќе биде под влажен бран од Медитеранот и ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, а на некои повисоки мета од дожд и снег.

Особено обилни врнежи се очекуваат во западите и јужните делови од земјата каде на повеќе места ќе наврнат над 30 л/м2.

Врнежите ќе продолжат и во понеделник.

Од втората половина на наредната недела се очекува стабилизирање и затоплување на времето.