Времето денеска сончево

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево, со максимална температура до 13 степени.

Во Скопје и околината температурата ќе достигне максимални 10 степени, а ќе дува слаб југоисточен ветер.

Ваквото време ќе продолжи и во понеделник, а во вторник ќе има зголемување на облачноста, со услови за локален дожд, а снег на некои повисоки места и на планините особено во југоисточниот дел на земјава.

Од среда повторно ќе има намалување на облачноста и постепен пораст на дневната температура.