Времето до крајот на неделата променливо облачно со сончеви периоди

Променливо облачно со кратки сончеви периоди. Во источните делови облачно, на пониските со повремен слаб дожд, а на повисоките места со повремен слаб претежно снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Во вечерните часови облачноста ќе се зголеми и овие врнежи ќе се прошират на повеќе места. Температурата ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.

Во следните неколку дена ќе се задржи променливо облачно време со повремен слаб дожд и снег, на југоисток претежно од дожд, а на планините од снег. Во четврток и петок ќе дува умерен северен ветер, кој на момети на места ќе засилува.

Screenshot_7