Времето денеска ќе се задржи променливо облачно со повремен слаб дожд. Попладне во јужните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Локални врнежи ќе има и во ноќните часови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Утре претпладне во јужните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд со ретки грмежи, а попладне и во петок ќе преовладува стабилно време.
За време на викендот и во понеделник во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд и грмежи.