Времето облачно и студено, попладне снег

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и многу студено. Попладне ќе има врнежи од слаб снег, а во западните и јужните делови ќе бидат со умерен интензитет. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено на планинските делови.

Температурата ќе се движи од минус три до минус 13.

Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно и многу студено. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено на планинските делови.

Температурата ќе достигне до минус седум степени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.