Времето во Македонија ќе биде повремено облачно, ќе дува умерен ветер од северен правец што ќе услови благо опаѓање на дневната температура. Утринската температура ќе се движи од три до осум, а дневната од девет до 15 степени.
Во наредните денови времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала облачност преку денот, а од понеделник ќе има услови за утринска магла по котлините.