Времето облачно и врнежливо

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни, посебно во западните и јужните делови од земјава.

Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер, кој ќе биде повеќе изразен во западните подрачја.

Дневните температури ќе се движат од 10 до 17 степени.