Времето облачно и врнежливо

Денеска времето во цела Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а можна е и ретка појава на грмежи во попладневните часови.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 14, а дневната од 14 до 20 степени. Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен дожд и со температура до 20 степени.
Од утре прогнозата вели дека ќе имаме сончеви денови со температури и до 25 Целзиусови степени.