Времето облачно и врнежливо

Денеска ќе имаме променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 20, а дневната од 19 до 25 степени.

Во Скопје слично време. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 24 степени.

Во охридско-преспанскиот регион облачно време со повремен дожд со послаб интензитет. Дневната температура ќе достигне до 21 степен. Во дојранскиот регион облачно и нестабилно со пообемен дожд и појава на грмежи. Температурата ќе достигне до 24 степени.

И во наредниот период ќе се здржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд кои ќе имаат променлив интензитет и ќе бидат проследени со локална појава на грмежи.