Времето облачно и врнежливо

Времето претпладне во Македонија ќе биде умерено до значително облачно со појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Попладне облачноста ќе се намалува, кон крајот на денот ќе се повлекува кон исток, а во западните делови ќе има повеќе сончеви периоди.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 17, а дневната од 22 до 29 степени.