Македонија

Времето облачно и врнежливо, температура до 13 степени

Времето облачно и врнежливо, температура до 13 степени

Времето претпладне во Македонија ќе биде претежно облачно со повремен локален дожд, а на планините повремен снег. Попладне облачноста ќе се намали и врнежите ќе престанат. Ќе дува повремен умерен, на моменти засилен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет, а дневната од седум до 13 степени.

Во Скопје времето претпладне ќе биде претежно облачно, но попладне променливо облачно со сончеви периоди и со умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

Во сабота времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, но во недела се очекуваат нови врнежи од дожд.