Времето облачно, на планините снег

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, во западните делови на планините облачно со повремен снег.

Попладне на некои пониски места врнежите ќе започнат со дожд, а потоа речиси насекаде ќе поминуваат во снег. Повеќе врнежи се очекуват во западните и северозападните подрачја. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северозападен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени.